Состојби на духот и телото по триесеттата

/, Блесок бр. 42/Состојби на духот и телото по триесеттата

Состојби на духот и телото по триесеттата

(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 1. Од мојата генерација
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 2. Од државниците
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 3. Од себеси
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 1. Од тврдоглавост
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 2. Од инает
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 3. Од вера

Баба ми ме учеше да плетам,
да зафаќам, да натфрлам, да додавам.
А јас не научив.
Мајка ми ме учеше да помолчувам.
Наведната глава сабја не сече.
А јас не научив.
Моите американски шефови ме учеа
да бидам толерантна кон секого
освен кон брат ми.
А јас не научив.
Со години веќе седам сама
на оваа тесна магарешка клупа,
намуртена, лута на цел свет,
тврдоглава безимена Славјанка.

2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|