Состојби на духот и телото по триесеттата

/, Блесок бр. 42/Состојби на духот и телото по триесеттата

Состојби на духот и телото по триесеттата

(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 1. Од мојата генерација
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 2. Од државниците
(Светот во којшто живеам ми носи) Разочарување… 3. Од себеси
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 1. Од тврдоглавост
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 2. Од инает
(Светот во којшто живеам ми носи) Делување… 3. Од вера

Нештата што некогаш беа
толку лесни,
одеднаш станаа толку тешки.
Но сега јас тешко се предавам
пред тешките нешта,
а во лесните веќе не верувам.
Со години седев
зјапајќи во една точка,
чекав сликата чудесно да се смени.
Но сега знам дека
целото може да се види
единствено од друга далечина.
Кога главата ми беше тврда,
мислев дека и нозете ми се тешки.
Но сега знам дека
точката на болката
е само последната пречка
до целта.

2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|