Слобода

Слобода

слобода
4. земја. црвено.
погледите ни се бездомни
телото памти сѐ
напуштање на храмот
(празен)
граница
куќичка за птици-преселници
дом
знаци

некој со ноќи влегувал во храмот
и со лажиче ги сркал
очите на светците

мислел така тој ќе прогледа

долго го напуштав храмот
му се навраќав на секое ќоше
на секоја пукнатинка
одново и одново во круг
со дланките поминував
по ѕидовите
ги затворав очите
и ги впивав мирисите
за да останат во мене засекогаш

му се навраќав така со денови
со месеци
миговите стануваа векови
надвор од него

со години влегував во него
му се враќав по патувањата
со години во него се молев
и се исповедав
легнував на студениот камен
и со увото прилепено
наслушнував
секојпат
мислев ќе чујам нешто
ново нешто
што не знам

а од неодамна веќе нѐ нема
ни храмот во мене
ни мене во храмот

2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|