Слобода

Слобода

слобода
4. земја. црвено.
погледите ни се бездомни
телото памти сѐ
напуштање на храмот
(празен)
граница
куќичка за птици-преселници
дом
знаци

автобусот мириса на собуен чевел
и утринско зевање на
конзерва пиво

пушачите ѕенѕаат на ладното

новите
нервозно чекаат да си земат бројче
за багажот што го даваат

оние што заминуваат
се врткаат наоколу
се плашат
да не остават случајно нешто зад себе

возачот се навалил дремливо
на дланката
и чека знак
за преминување на границата

2018-08-21T17:22:00+00:00 ноември 2nd, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 98|