Премногу и премалку

/, Блесок бр. 85/Премногу и премалку

Премногу и премалку

Премногу и премалку
Отклучувања и заклучувања
Турција и Европа
На гробот на Кант
Повторно за Кант
Критика на чистиот (д-р) ум
Завист
Unheimlich

Говорот што го одржав
на гробот на Имануел Кант
во славниот Кенигзберг,
денешен Калининград,
веројатно зашто бев
редок филозофски буф
меѓу видните писатели,
сè соколи и соколици,
сепак, беше во основа тажен,
зашто од Кантовиот
Кенигзберг не останало ништо.

Ја немаше ниту кафаната
кајшто тој секојдневно,
откако ќе завршел со работата
врз прочуените критики,
сè до доцните часови
му се предавал на играњето карти.

Ниту трага од слободна
игра меѓу мечтата и разумот.

Од никогаш напуштениот град,
освен старата катедрала
што сега ја обновува
некоја германска фондација,
не останале никакви белези.

Којзнае можеби Русите
сè уште го сметаат Кант
за филозоф идеалист,
но се чини дека сево ова
нема никаква врска со
материјализмот или идеализмот:
гаснењето на споменот за Кант
е и гаснење на споменот дека
тука, некогаш, била Прусија.

Но кој може да ги згасне
ѕвезденото небо над нас
и моралните закони во нас?

АвторИван Џепароски
2018-08-21T17:20:53+00:00 септември 2nd, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 85|