Премногу и премалку

/, Блесок бр. 85/Премногу и премалку

Премногу и премалку

Премногу и премалку
Отклучувања и заклучувања
Турција и Европа
На гробот на Кант
Повторно за Кант
Критика на чистиот (д-р) ум
Завист
Unheimlich

Просветителски стамено
си го преиспитувам умот
што по внатрешни патишта тргнал
критички преврати да подготвува.

Што е човекот?
Што сум јас?
Што сум јас како човек,
со воз што патува
по (д-р)умовите надворешни?

Внатре во просторот
а можеби и во времето,
внатре во возот што се движи
а можеби и не се движи,
по северните рабови
на престарената Европа,
што потајум се подмладува,
стотина писатели
безинтересно уживаат
во помислата дека
сево ова има смисла.

Прекрасна бесцелна цел!
Во потрага по Убавината
На крајот на векот!

Чист друм пред нас,
Практичен ум во нас.

Убавино ти ме заморуваш веќе!

Ни Моќта на судењето
Бездните не ги премостува.

АвторИван Џепароски
2018-08-21T17:20:53+00:00 септември 2nd, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 85|