Премногу и премалку

/, Блесок бр. 85/Премногу и премалку

Премногу и премалку

Премногу и премалку
Отклучувања и заклучувања
Турција и Европа
На гробот на Кант
Повторно за Кант
Критика на чистиот (д-р) ум
Завист
Unheimlich

Дали од неодамна 2F
невдомено домувам
во среќната Европа,
само од страв дека
потиснатото кога-тогаш
повторно ќе се врати?

Уште ли ќе сонувам
за сопствената слобода,
надвор од кршливиот дом,
на возраст кога за мнозина
вечниот дом е најпривлечен
поради своето спокојство?

Стравот од влијание на оние
од онаа страна на стварноста
не е само страв од поетско
или филозофско влијание,
туку страв дека сум веќе
отаде принципот на задоволство.

Игри на повторувањето
како игри на постоењето:
Јас и Европа, Европа и Јас.
Ти и Европа, Европа и Ти.
Ритуални кружења.
Вртоглавица.

Совршена љубов
кон невдоменото домување!

#b
2. Unheimlich (герм.) Uncanny (анг.) – необично, несекојдневно, загадочно, тајновидно, непријатно, обеспокојувачко. Битен термин кај Сигмунт Фројд од неговиот истоимен есеј Das Unheimliche (1919) со кој се појаснуваат состојбите во кои нешто може да биде блиско, но едновремено и далечно и туѓо. Тоа е она што потсвесно нè потсетува на сопствениот Id, на нашите заборавени и репресирани импулси разбрани како заканувачка сила од нашето Super-ego. Сево ова резултира со чувство како за „нелагодно туѓо“ или „нелагодно блиско“, создавајќи една „когнитивна дисонанца“.

АвторИван Џепароски
2018-08-21T17:20:53+00:00 септември 2nd, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 85|