ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

/, Литература, Блесок бр. 144/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

картографија на огнот
крстна коска
бездомен ветер
sans-papiers
бездомник


sans-papiers

го ништам воздухот наоколу
в очи им молчам
и тие бегаат
најверојатно бегаат
за да ги ублажат турбините што сум ги придвижил
лакуните што ги издлабил мојот ’рбет
и ме удираат со клатното на просторот
ме гледаат со сомнеж и страв
ме чкртаат во нивниот ум
и потем ме оставаат
без печат без жиг
без човештво

и ме испраќаат зад нивните граници
странец каде што бев
а не останав

па немав ни влог за да изгубам
за коските да си ги скротам
и да ги спасам

од ошумоглавеност

АвторНаташа Сароска
2022-07-12T07:21:19+00:00 јули 11th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 144|