ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

/, Литература, Блесок бр. 144/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

картографија на огнот
крстна коска
бездомен ветер
sans-papiers
бездомник


крстна коска

барам прошка за мојата земја
извиткана задишана набрекната
вена
распрснува
оваа вина
и два пати бревта на секој граничен премин
и ’рти потем в море без право да биде именувано

подмолно сведоштво на пустош
одекнува во моите коски
во одречената татковина
проголтана во извитоперените нерви околу мојот ’рбет
кој ги чисти сите прашини на светов
додека се слевам удолу
чекајќи ги неблагодарните изгрејсонца
прогонета
во изгон
сета

оваа песна не е убава за вас
зашто е грст земја ронлива
столчена
која прска и збивта
како семето на мажот кој станува татко
во тој замрзнат миг на немост
кога продира
и вреска
и квичи
и потем:

исчезнува

АвторНаташа Сароска
2022-07-12T07:21:19+00:00 јули 11th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 144|