ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

/, Литература, Блесок бр. 144/ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

ПЕСНИ ОД КНИГАТА „КРСТНА КОСКА“ (ПНВ, 2019)

картографија на огнот
крстна коска
бездомен ветер
sans-papiers
бездомник


бездомен ветер

фучи ветрот внатре во мене не
поседувам ништо ни никого, не ги поседувам
дури ниту моите сигурности, јас сум
моето лице кон ветрот, и лице наспроти
ветрот, и ветрот сум што ме удира в лице
едуардо галеано

на леталишта патникот сум
што неколкупати го претресуваат
random check велат
а не патувам никаде
им велам
не ни одам
не се ни враќам
не сум мрена во истребување
ни мена што ќе ги одреди насоките

ми претаат по торбите
а немам
ништо
што ќе ги засени нивните стравови
ме прашуваат каде одам
а ни самата не знам
која е адресата на хотелот
што вели писмото од домаќинот повратен
авионски билет имам ли

риба сум на суво
им велам
сакам да се оддалечам
но се плашам
зар не гледате
немам ни север ни југ
писта раскопана
на вашето кралско копно
а сепак отсуство сум на копното
на вашето време
песочен часовник сум
што не дочекувате да докапе
ни да ве искапе
а го барате времето ронливо
на вашиот царски почеток
да ве врати

АвторНаташа Сароска
2022-07-12T07:21:19+00:00 јули 11th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 144|