Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

1
Сè уште е лето
и дува врз бубамарата
во мојата рака
Рана вечер е
Јас едноставно седам
на скалите

2
Најпосле е август
Никој не мисли на здодевните мразови
кои исто така
се на пат –
И никој не знае
зошто ветерот звучи
баш така
Тоа не е ни нужно,
не е потребно
Но тревата е потребна
и дождот, тој проклет
дожд е потребен
Бавните глисти се потребни
за земјата
и за нас –

3
Ветерот сè уште дува
и знае што сака
токму со оваа вечер
која истовремено наликува
на гранче од јоргован
и на муцка на волчјак

4
Да позајмиш некого со поглед
без да знае

Зад темнината
чека темнина

Тревата го достигнала
своето апсолутно зеленило

Брановите го извикуваат своето име,
малиот одговор
на детински големото прашање

5
Постојат мигови
кога мислите се тетерават
како слепи ежови
преку карпите
кои се навикнале на чекање
навечер

Јас едноставно
седам на скалите

(август 1988)

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|