Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

Што да се каже за светлината?
Мачката гледа право во темнината
без џебна ламба, светулката
се гледа без неон
Од темнина излегуваме кон сонцето
така веројатно се вели
во старата убава песна

Таа нордиска светлина
во која влегуваме и излегуваме,
тој насобран мек мрак
ги снабдува како мов и шума од елки
тие светулкави планински височинки во тајгата
кои брезовите шумички ги поставиле
– сè ги бојадисало нашите сетила
со својата светлина и со својата темнина

Што повеќе да се каже за светлината,
таа одвнатре растечка, таа создадена
на која ѝ се верува?

А таму длабоко долу
во темнината на дното на глечерското езеро
Triglopsis quadricornis душка наоколу
барајќи ја својата утопија

Во високата елка на дождот се свила црната птица
наполнета со батериите на јулската светлина
додека ние другите, ние
дојдени од лозата на оние што носат чевли
чекориме по тротоарот на четинарската шума
напред и назад
додека се прашуваме:
Што да кажеме за светлината?

Прашањето е отворено, светлината
е слободна, како болскотливо
накиснато страшило
на вчера искосената
нива со овес

+

Погрижи се за новиот ден
Помисли на љубов за миг
Знај дека патот завршува
на истото место каде што еднаш почнал

Да се стои рамо до рамо
во очекување на дождот
Да се бара круг во тревата
каде што еднаш бевме
Поклопи ја со раката токму
таа дамка, како за заштита

Помисли на љубов, знај
дека наскоро дождот
ќе заврне во отворена рака

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|