Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

Овде вреди да се погледне нагоре – поубави
облакодери треба да се бараат
Посебно е убав оној со боја на шмиргла
на патот долу кон РОКС,
можеби малку осамен, и ни најмалку вообразен,
речиси наликува на насмевка
која се шири нагоре
на дождецот, кат
по кат

Цело време се случува: дузина мажи
со вратоврски и костуми, брзаат наоколу
и надвор и внатре во сообраќајот
како да ги бараа своите изгубени
сопруги, или само трчаа наоколу
надевајќи се на нешто друго

Мал клинец
неочекувано пробива нагоре
низ ѓонот на сандалата,
само како на шега, но
заболува во петицата и во Сиднеј
– еден толку мал клинец
предизвикува колку што може повеќе болка
кога го исправа грбот

Нема никакво значење
дали човек е на пат
ваму или таму, тој
зборува јасно: нема
ниту доволно време, луѓето
сè поретко застануваат
во едно исто движење, како
пресликани среде
самиот живот

Наредниот ден е уште понов
Преминувам преку неколку мостови,
се согласувам мошне добро
со ридестиот терен
и со сето тоа старо
кое и покрај сè се скрило – или се заборавило
во фасадите и во законските параграфи

Ова одење низ еден град
кој наликува на нешто сосема друго
отколку што можев да замислам
кога стоев во темнината на дрварницата
во потрага по срамежлив трупец од елка
за со него да ја одмрзнам февруарската душа

Попладнето во Галеријата на современата уметност
седам во поинаква потполна темнина
и гледам чешки краток филм
кога еден глас се наведнува и ме прашува
дали сакам да ме водат наоколу во FOOD, да,
изложбата навистина така се вика; додека
одиме наоколу ми раскажува што моите очи не сакаат да видат,
и цело време го одложува своето заминување
но премногу ѝ се брза за да замине

Одеднаш – и сега е навечер – бројот
на улицата добива нов тек
и под еден железнички мост, таму во Сиднеј,
стои осамен маж и го полни својот тромбон
со копнежот на цел континент: the sky
is delicate blue!

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|