Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

Во сандали преку снежниот нанос
со танго околу вратот

Можеби има темни денови
светли ноќи, светулкава мембрана од надеж?

Но полумесечината не дава никакви надежи
Боровата шума молчи

Екстаза на беспаќа: волчешки траги
водат право во сонот

Ѕвездениот знак го загрева погледот
кога насоне го празнам меурот

Крилја на сланата, –23°C
и наскоро е полноќ

Целиот свет сè уште е тука,
пар педали остануваат од животот

Зимско царство владее
далеку е до Рио де ла Плата …

Од Кучешки знак, 1987.

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|