Наједноставното

/, Блесок бр. 87/Наједноставното

Наједноставното

Две црвени бобинки
Нордиска светлина
Наједноставното
Клинец низ ѓонот на сандалата во Сиднеј
Без наслов
Северен Икар
Недела во шума со боровинки
Нишки

”Дрвјата нè гледаат нас,
а не ние нив.”

Во ветерот не живеат никакви имиња
Подолу кон карпата мовта е студено влажна
како замрзнатата почва да почнала да се поти одоздола
Крв тече во мене во неизвесна надеж

Боровинки во недела со Станеску, термос, оса
Противпожарен авион високо над фамилијата
со убави кофи за бобинки
Високо на боровите круни: облачни континенти
на пат да се разделат, помират – заталкани корали

Мојата глава што тропа на празно како
зафрлена вршалка, без да го одвои житото
од каколот
и цело време мов, врес
суви гранчиња и Сара која вели: ”Сакам да бидам
бор кој никогаш нема да биде соборен – ти сакаш ли да бидеш гранка?”

Што требаше да кажам? Помислив: Сакам да бидам сè што е бело,
но одговорив: ”Да, би сакал да бидам гранка, една гранка
на тој бор што никогаш нема да биде соборен – ”

(авг. 81)

„Дрвјата нè гледаат нас …“ е земено од „Третата елегија“ во Борбата меѓу утробите и стварноста од романскиот поет Никита Станеску, во шведски препев на Пјер Зекелис.
Од „Синиот контејнер“ , 1982.

АвторБенгт Берг
2018-08-21T17:20:51+00:00 декември 16th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 87|