Предавање (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Предавање (избор песни)

Предавање (избор песни)

Мистерија на срцето
Смрт на дланка
Вовед во форма на останки
Друг вид
Таен акорд (Гитара)
Бебоп хипнози
Рака преку уста


Бебоп хипнози

Одложи ја книгата што ја читаш,

замолчи ги тапаните, контрабасот

     клавирот &

     саксофоните.

Повикај мугри.

Помири се со фактот

дека без себе

не стигнуваш никаде.

Престани да размислуваш за другите.

     Секој е заменлив.

Познавам барем четворица

како мене, толку ми се слични што

разликата е едвај забележлива.

Многумина не веруваат

дека постои разлика.

Преброј ги чекорите

и нишани со мирна рака.

Време е за одмазда

на цвеќето на секој балкон.




Хипноза на бебопот

Ќе нè проголтаат саксофони и нивните тенори. Ќе заспие статуата на Буда во полицата на продавницата на третиот кат. Бесконечниот трговски центар е светилиште на модерната доба на кое му ја принесуваш жртвата на сопствената сентименталност. Промените тешко се препознаваат и не можат да ги забележат усните потпрени на писокот на моите дилеми. Мелодијата останува неоткриена. Но мапите и дијаграмите не лажат. Забележано е уште едно во низата последни љубења. И дојде ноќта, најавена со тенките опна на темнината. Измамниците ќе ги изместат типките на клавирот за веќе никогаш да не им ја вратиме смислата. Ти и јас нема да доживееме одење по урнатини. На хипнотизираните светот останува, иднината ним им припаѓа. 

АвторМехмед Бегиќ
2023-03-17T05:08:40+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|