Предавање (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Предавање (избор песни)

Предавање (избор песни)

Мистерија на срцето
Смрт на дланка
Вовед во форма на останки
Друг вид
Таен акорд (Гитара)
Бебоп хипнози
Рака преку уста


Таен акорд (Гитара)

Старата скршена гитара

ме служи подобро од кога било.

Поради неа мајсторот од Холандија

ќе влезе во легенда:

Ваков звук како реакција

на моите бескорисни прсти!

Тоа не може да биде чиста работа!

На ист начин би можело да се објасни

како сите оние прекрасни девојчиња

на магливото детство

попрво бираа

секакви мангупи

наместо скршениот акорд

што несебично го нудев.




Гитара (Таен акорд)

Повикај го моето име седум пати. Потпри го увото на ѕид. Прашај ме кој е среќен и дали такво нешто навистина постои. Како поинаку да се одбраниш од тиранијата на смислата и лудилото? Кога и да ми се причини дека звучиш како песна, ќе отшетам до гитарата. Свирам лошо, но сакам да свирам и потпевнувам додека се претвораш во песна. Тоа се случува ретко и никогаш во присуство на сведок. Баш ми е гајле ако е тоа само една од формите на онанија. Ме опуштаат еднакво, уживам и благодарен сум. И тебе ти благодарам на промислените разговори и на читањето на моите залудни писанија. Те поздравувам, време е за гитара. Време за песни и крици.

АвторМехмед Бегиќ
2023-03-17T05:08:40+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|