Предавање (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Предавање (избор песни)

Предавање (избор песни)

Мистерија на срцето
Смрт на дланка
Вовед во форма на останки
Друг вид
Таен акорд (Гитара)
Бебоп хипнози
Рака преку уста


Смрт на дланка

Откако ќе се совладаш себеси, станува јасно

и лесно да се движиш меѓу осамени луѓе.

Негуваш лузна која другите ја оживуваат

и на крајот сè се сведува

на правото на болка

и движења што слекуваат.

Визиите се повторуваат:

Крошните на дрвјата шумолејќи се откажуваат

разуздан поток потпевнува во брдата

лисицата и птиците се откажуваат од домот.

Припиеното лисје паѓа во калта

и ти местиш две прашања

во насмевката на заминување.

Не е голема наука да се живее со осамени.

Тоа што ти треба е сопствената смрт во дланка

и тело поради кое се заборава.




Смрт на дланка

Воениот удар на душата е неискористен на дланката. Како мислиш да го довршиш замисленото? Зависта ќе те одведе во уништување, а не до ѕвезди. Наместо да спиеш, дозволуваш да те заведе љубовта на другите спрема третите. Обнови ги милиметрите на своето тело додека уште можеш. Ако стане неподносливо, сакај го од мој агол. Искрена е таа страст, дизајнирана да те докрајчи кога тоа никој нема да го очекува. Кога иднината ќе исчезне, единствено за што ќе можеш да се фатиш ќе биде мојата љубов, лажна и измамничка како што сите љубови стануваат ако им оставиме доволно време за завршна реч. Мојот заговор не вклучува сожалување. Тој е извежбана измама, финален акт на теророт, додека огледалата престануваат да бидат твојот верен шепкач на дијалогот. Мојата одмазда стрпливо ќе го дочека твојот подбрадок. Славата и моќта отпаѓаат од него. Се лупат од твојата кожа за да му припаднат на гуштерот кој на ѕидот на последното уточиште го демне поспаниот и здебелен комарец. Осамена е вистината што нè споила за да се откажеме – ти од себе, јас од тебе. Крајно време е ноќта да се спушти на тропските оази на нашето лудило.

АвторМехмед Бегиќ
2023-03-17T05:08:40+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|