Предавање (избор песни)

/, Литература, Блесок бр. 149/Предавање (избор песни)

Предавање (избор песни)

Мистерија на срцето
Смрт на дланка
Вовед во форма на останки
Друг вид
Таен акорд (Гитара)
Бебоп хипнози
Рака преку уста


Мистерија на срцето

Водам дневник на гладта затоа што те сретнав. Смртна е таа глад и доаѓа непосредно пред духовната глад која по правило ја следи. Слично се чувствував набљудувајќи некои тела со солза во окото и вода во устата. Мене одговори не ми требаат, се задоволувам со прашања и го проучувам вресокот. Принесената жртва не ја гарантира довиканата магија. Кокошкиното ноџенце, сепак, е на твојот праг. Твојата желба е извалкана. Те бирам како следна обредна кукла. На оваа одлука немаш право на жалба. Ниту постои прирачник што ќе те подготви за она што следува. 

Кој затоа што е осамен?

Кој затоа што е огледан?

Кој со порака на својата жена?

Кој затоа што раката сама се крева? [1]




Мистерија на срцето

Казнениот одред на твојата партија ја запали мојата куќа, а семејството ми го прати во три различни концентрациони логори. Јас по чиста случајност се извлеков. Но залудно ова го зборувам, затоа што знам дека не сум во состојба да се одбранам. Кога и да замириса новата прилика со ветувања и да привлече со желбите – ти доаѓаш. Не гледаш на саат, не ти е гајле за никого. Ништо не те запира. Секогаш знаеше дека моето време ти припаѓа. Се обидов да се ослободам од тебе на безумни начини. Еднаш така те пријавив на тајната служба на твојата партија припишувајќи ти ги своите социјалистички идеи. Ти ги уништив сите прилики за унапредување и репутација меѓу црнокошулашите. Твоите сини очи никогаш не биле потажни. Потоа те сакав само уште повеќе. Но сето ова престана да те засега оној момент кога се умори и твоите гради ја напуштија мистеријата на срцето. Ова сега и овде е идеална прилика да излезеш од моите стихови. Следната страница на оваа книга ќе се снајде без тебе.


[1] „Who by Fire“, Леонард Коен; превод на препевот на Предраг Луциќ.

АвторМехмед Бегиќ
2023-03-17T05:08:40+00:00 март 12th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|