Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

Секој свој сон
го сместивме пред барикадите
знаејќи дека таму се сонува најдобро
и божем ќе
правејќи се дека сакаме
Вистина е дека со насмевка чекаме
на несреќата на секој од нас
не поради злоба
туку поради несреќата сама
неодолива
која толку убаво ни доаѓа
Совршен Изговор
Спомен
Недоречена Лага
Пропаднат План
Синџирите помеѓу нас се поцврсти
после падот
после остварениот отсонуван ужас
Да
лесно е да се смееш кога сè оди како што треба
Ама не може така
Не сакаме
Горката вода го бара своето место
И секој чад кој не е воздух подарен
Признајте ми
да си признаам себе
Кажете дека знаете за што зборувам
Сè е пред нас сторено
Градовите се запалени
Ранетите оставени
Жените одведени
Песните отпеани
Тагата не е измислена
за неа животот не се дава
таа живот зема

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|