Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

Скромно како сознанието
дека никогаш нема да биде твој љубовник
мораше да се ослободи од секоја мисла за тебе
Се обиде да му се врати на спокојот
кој го беше нашол
а сега му се измолкнува
и несопирливо низ прстите му се лизга
како воздухот кој ве разделува
Ништо тука нема да помогне
ни патување ни ветер
ни шуми ни прошетки
ништо освен судирот на коските со срцето
Нема да помогнат разговорите
баш тие мора да престанат
и тој ќе занеми
тишината да ја оплоди
Никој не смее да забележи
дека некогаш бил тука
Во камен ќе се претвори
срамежливо како мислата дека местото
за такви како вас постои

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|