Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

Го напуштив поетот
онаков каков што го замислував
Ги бележам работите што ќе ги правам
Го читам Достоевски
стигнав до седумдесетиседма страница
и веќе косата ми стана питома
Плачам многу повеќе
и пишувам помалку
Се препознавам
во секој кафе бар
Седам сам
осамено гледам спортски коли
и мечтаам за пари
Ветувањата кои себеси си ги дадов
ги поништувам
Се снаоѓам
на раскрсниците во големите градови
со помош на потиснати сеќавања
и мапа
која е направена
за идиоти од мој тип
На крајот од секој ден
по широките булевари
низ чекорите раскажувам
за имињата
кои ќе ги заборавам
во име на нејзината отсечена коса

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|