Знам дека знаеш

/, Блесок бр. 75/Знам дека знаеш

Знам дека знаеш

Пауза
Тоа сме ние, браќа
Чекајќи го месарот се одрекнувам од скромноста
Само дожд, купете дожд
Го напуштив поетот
Чет Бејкер ме пронаоѓа
Чудесни луѓе
Нина Симон
Затвори ги очите за да не гледаш знамиња
Рацете на Виктор Хара

На единаесетти септември
седумдесет и третата
Америте
меѓу другото го поебаа и Чиле
па потоа власта им ја дадоа
на локалните фашисти
за да ги започнат своите
стадионски оргии на мачење
Тие мисли ме прогонуваат
додека сакам да ти се исповедам
до крај јасен
и без ништо премолчено
како Бранко
на својот другар Зијо
кого крвниците од Јасеновaц
одамна го убиле
а тој и понатаму му раскажува
како во Севилја ја барал улицата
во која Црните Коњаници
го одвеле Лорка
за никогаш да не се врати
Во писмото го потсетува
на оние другите
црните Горанови крвници
и на овие новиве од сите бои
кои секогаш ќе нè демнат
со своите усовршени
верзии на мачења
божем самите на себе не сме си
доволна казна
Но оваа ноќ не е моја
и таа приказна
ќе дочека малку поинаков мрак
Затоа писмото нема да го ставам во коверт
врз кој е испишано твоето име
Некако знам
Ти ќе ме надживееш
Засега те молам
научи кој е Виктор Хара
И што ни значат неговите раце

2018-08-21T17:21:00+00:00 декември 21st, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 75|