Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Утајум ли братот наш скоковито
се префрла во туѓи царства, под мишка
тутка шушкава кошула зимска?
Се чуди ли; за кого тоа стрпливо,

од искони резбаме длабоко
дабово ведро? Врз луто ветрово
јаже, до ’рѓосано бакарно
сандаче, изгрева твоето колено,

божем напрашено со неовдешно
некое вдахновение. ’Рѓосува ли,
меѓу семињата зафрлен, нашиот брат,

доверливо со острицата што ни осветлува?
Си лета чучулигата, полжавот
си е на тронот, на своето небо бог.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|