Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Зарем око сред зеленило,
лушпа од сјајна небеска
драма. Ќе пристигнат момче
и старец, и ќе тргне глас,

Вероника на прсти низ обредот
ќе мине, ја гасне заборавената
свеќа, низ угари морски чека
пат. Другата црвенее на дожд.

Се нема каде, трската лае
на ѕвезда, големото и малото
затегнале лак, до кладенецот

ќе биде можно. Обладаху
иноплеменици и туга беше
всем езиком, оче Клименте.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|