Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Како запознавање
ти сè уште блескаш;
Во блесокот езеро, лебеди се гонат.
Кралот нивни весла низ сенчести места,
неговите движења другите ги сонат.

Искреноста, крупен лотос што се лула,
спокојно разговара со зрелата папрат
во радоста. Годините, од светла кула
бдеејќи над длабочините, ќе запрат

сè што се придвижува во помислата.
Во блага реченица пристигнав на брегот,
како јаболко нудејќи ја смислата

на моето доаѓање. Околу видот
немаше лебеди. Војниците на снегот
уморни, бучно креваа логор под ридот.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|