Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Кориците на сенката, тревнати,
подотворени, ракописот жуборлив,
ветровит, пренаселен. А смреката
треба да изникне, збунета, мокра.

Прашина од месечеви мразулци
над запирките провејува, трупа
во значењата; само патеките
продолжуваат, заводливи, празни.

Смислата, смрзната вечерна птица,
некаде зад ритмот, во разурната
црква, со снегот страшлив завева.

По хоризонтот во мислата, невешт,
како по жица чекори голем патник.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|