Гламја

Гламја

Око
Јагорида
Поделба на светлината
Возбудата на јадрото
Гламја
Внатрешен сонет
Јабука
По македонските патишта

Во пустината стрмно
се креваше
неистраженото чувство, светлоста
ноќе клокотеше под стапалата.
На месечеви патеки, студено,

светкаа туѓите стражи, никнеа
кон клисурата, меѓу свирепоста
и стравот. Како кај задумна жена,
под стомакот на пустината булка,

потреперуваше, занес од пророк
што скипнува. Го кренавме логорот
во нејзиниот одблесок, ѕидавме

педесет и два дена, презреани
на ветрот. Жолти бубачки во правта,
врз гневот, по напукнатите мисли.

АвторСанде Стојчевски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|