Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Зeми ја, тргни ја
оваа оддалеченост меѓу нас
овој ѕид со кој сум опкружена,
сите линии и знаци на мапата.
Нека исчезнат

Земи, земи сè,
силата од моиве раце,
пелтечавоста на мислава,
трепетот на погледот.
Сакам да ги нема.

Земи сè… Земи,
пред времето да ме расклопи,
пред да бидам разнесена
долж и попреку,
Пред да се разочарам себеси.

Дојди, земи сè

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|