Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Кога бараш знаење,
Тоа те наоѓа тебе, не ти него.
Прави тајна патека
И ти доаѓа,
како благослов, како садист,
како мајка полна утеха,
како силувач, како тиранин, како негувателка.

И понекогаш е украс,
Понекогаш лузна.
Понекогаш го носиш на сцена,
А некогаш го криеш во најтемната дупка
И станува тивко како камен.

Знаење, драга, знаење –
Издресирани зборови и нескротливи мисли.

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|