Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Кога сме млади,
кога сме девојчиња,
се качуваме по дрвја, си играме криенка,
топки немаме, ама затоа кукли имаме
Не е важно дали сме машки или женски
битно да си делиме играчки.

Кога ќе пораснеме,
Се заоблуваме, куклите ги заклучуваме,
Плетенките и опавчињата ги распуштаме,
и чекаме погоден ветар…
И тогаш почнуваме да старееме,
стануваме мајка или жена,
или, ако имаме среќа, двете.

Кога ќе остариме,
Личиме на татко,
Градите ни се издишени и одмараат,
Ни расте омразениот мустаќ,
Косата ни се проретчува, скалпот ни светнува,
Ние, мажите и жените,
На крајот сме еднакви на еднаквите

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|