Будење во трето лице еднина

/, Блесок бр. 96/Будење во трето лице еднина

Будење во трето лице еднина

Лепливи зборови
Несовршеност
Барајќи знаење
Вуманити
Чудно и далечно
Земи сè
Доцна
Зошто и како

Копнежот прв доаѓа, нè носи.
Нагоре… Бескрај и надеж,
Надолу… Бездна од неисполнети желби.
Сакаме рака, да нè дофати,
и џиновско око, да нè види,
насмевка, да нè развесели,
тура околу центарот.

Копнежот си бара љубов.
Двајца луѓе се држат за раце.
Се гледаат, очите им сјаат,
Се дават во своите насмевки,
Стануваат центарот на светот.

Сепак, колку страшно е да се гледа
Моето тело со твое лице,
Твоето лице со моја насмевка,
Моите зборови, меѓу твоите,
Твојата љубов, како ја голта мојата,
Моите бои како ги исцртуваат твоите слики,
Твоите движења, како стануваат мои движења.

Да даваш и да делиш значи да се жртвуваш,
Да се изгубиш себеси, грев.
До што сме поблиску
кога се спојуваме?
Растргнати помеѓу осаменост и надеж,
Живеејќи помеѓу љубов и омраза,
Стоејќи помеѓу двоумење и одлука,
Компензираме за нашата несовршеност.

АвторД.А. Лори
2018-08-21T17:20:43+00:00 јуни 21st, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 96|