Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Време е да размислиме за новиот почеток.
Ние,
остатоците на фалангите, легиите, племињата,
повеќе не можеме да чекаме.
Надежта е опасна болест.
Белите коски се нашиот дел од рулетот,
тркалезната игра на Историјата,
што од далеку најавува потоп.
Кого чекаме, кога никој нема да дојде?
А кога сме веќе тука
расфрлани по темните пространства
од неразбирливи јазици и бои,
треба да се истакне,
дека сепак постоиме.
Ние, живите проклетници што лежиме вкопани надвор од градот,
како фауна што исчезнува.

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|