Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Ова дрво еден ден ќе биде дом.
Под претпоставка
дека нема да ја снајде
судбината на смоквата
од Ерусалим,
можеме да се надеваме
дека наскоро ќе се сладиме
од плодовите.
Доколку наредните зими
тоа го дозволат,
мојот труд ќе добие сатисфакција.
Во спротивно,
сувиот труп
ќе го употребиме како колец,
за некое попитомо
и посилно дрвце.
научено на лутина.
Да речеме дуња,
за собата цела зима
да мириса на есен.

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|