Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Го заборавивме летото пријателе.
Гледај:
дождот глаголи
и инсектите беспомошно умираат
на надворешната страна од прозорецот.
Нè обзема студен мрак,
нè гризе
и така подолго ќе биде.
Доаѓа ветрот на црни коњи,
нечија шепа под срцето ме бие,
мирисот на дуњите ѕвездите ги рони;
немирот,
како ранета ѕверка под стреата спие.

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|