Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Беспредметно е да бараме ѕид
кога сè е недостапно.
Сè исто е дали летаме,
или нозете ни атрофирале во корење,
мил мој Ангелу.
Што бараш сега?
Патиштата и овде и горе
потполно се исти
(се разликуваат само во леснотијата)
и ти не можеш да помогнеш.
Дали ти требам јас
за да ги отвориш дверите
(малку среќа и насмевка за оние што веруваат)
и така се сврши чинот
на потребната жртва.
Ме убедуваш дека
не стоиш зад сето ова,
а јас те чекав со години
и не е фер сега да ми го ветуваш небото,
кога и така ми припаѓа
(кога-тогаш)

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|