Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Четворица пријатели разговараат на небото
и недостатокот на одмереност
во пристапот кон ѕвездите,
сакајќи притоа
да ја истакнат потребата од воздржаност.

Одеднаш се појавува Таа.
Разговорот ги губи сите димензии,
присуството на жената ги омеѓува хоризонтите;
сега сè се работи по навика
и проклетото очекување на нештата.
Колку е долг мигот во кој треба нешто да се стори,
жената пали цигара
издувува три кругчиња од чад,
очигледно чувствувајќи се задоволна;
бидејќи верува во случајот
и нејзината дрскост на убава жена.

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|