Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/, Звук, Блесок бр. 52/Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

#6 Б.Б. и „Блуз Шекс“ се еден од најдобрите германски блуз состави, а со својот најнов албум тоа повторно супериорно го потврдуваат. Снимениот материјал потекнува од настапот во родниот град на бендот Хилдершајм, во клубот Фир Линден и секако ќе ги задоволи љубителите на блузот ширум Европа, па и пошироко доколку се обезбеди квалитетна дистрибуција на албумот; според моето мислење, ова едноставно треба да се има во колекција! Звукот на бендот делува оригинално; иако се чувствува влијание на мајсторите од четириесеттите и педесеттите години од минатиот век, сето тоа е направено со мерка и вкус што го издвојува бендот од слични што свират таква музика. Главниот збор во бендот ги имаат браќата Арлт: Андреас на гитара и Михаел на усна хармоника и вокал. Тие настапуваат насекаде, од Москва до Чикаго со попатни станици каде што ги воодушевуваат сите љубители на добар блуз. Сите епитети искажани за квалитетот на бендот се потврдуваат и на овие снимки, така што, доколку се укаже можност да ги проследите во концертен амбиент, не пропуштајте ја можноста!

2018-08-21T17:21:20+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 52|