Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/, Звук, Блесок бр. 52/Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

#5 Најновата продукција на „Кроскат“ содржи и две концертни колекции на Мемо Гонзалес со неговите „Блузкастерси“ и Б.Б. „Блуз Шекс“. Во секој случај, двете изданија заслужуваат внимание и презентација на поширокиот аудиториум. Мемо Гонзалес и неговиот состав се група музичари со завиден квалитет и искуство кои знаат како треба да се третира овој музички жанр. Овој интернационален состав (вокалистот и хармоникашот Мемо е Американец од Тексас, басистот Еркан Ездемир е Турчин, а гитаристот Каи Штраус и тапанарот Клаус Ширинг се Германци) е лоциран во Германија како најдобра стратешка точка за музицирање низ Европа. Блузот на Мемо и колегите е варијанта на блуз, свинг и рокенрол, на нивен уникатен начин. Мемо е квалитетен инструменталист на усна хармоника, зад кого гитаристот Штраус и цврстата ритам секција на Ездемир и Ширинг создаваат уникатни музички блуз пејзажи. Сите композиции на албумот се „тестирани“ на безбројни настапи, така што публиката нема проблем со идентификација на истите и одговара како што се очекува. Обично се работи за сопствен материјал, на вистински места дополнет со темите на Елвис Присли, Меџик Сем, Џуниор Паркер, Џеј Милер… Аудио записот делува импресивно, имате чувство како да сте во центарот на настаните, потребно е само да ги затворите очите и да му се препуштите на блузот на Мемо и другарите; тие можат бездруго да се гордеат со финалниот резултат.

2018-08-21T17:21:20+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 52|