Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/, Звук, Блесок бр. 52/Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

#2 „Бакнување во 29 дена“ е четвртиот по ред албум на „Џеј Ви Џоунс Блуз Бенд“ од САД, издаден за „Кроскат“. Тој потсетува на патување во возбудливото време на свингот на Канзас Сити, блузот на Централната Авенија и ритамот и блузот на Лос Ангелес. Џеј Ви ќе ве врати во деновите кога блуз вокалистите предводеа извонредни состави и кога границите помеѓу џезот и блузот беа избришани. Тој ја апсорбира музиката од тоа време и го ревитализира ритамот и блузот давајќи му современа арома; тоа е звукот што можете да го очекувате слушајќи го албумот „Бакнување во 29 дена“. Џеј Ви Џоунс е одличен гитарист и солиден вокалист со добри предиспозиции за успешна кариера. Интересно е да се спомене дека тој својот музички пат го започна како тапанар, но до пресврт дојде по настапот на Б.Б. Кинг во неговиот роден град. Со својот талент, тој наскоро го проучи и совлада стиловите на тројцата Кингови (Алберт, Фреди и Б.Б.) и беше подготвен да ја започне својата музичка одисеја. Неговиот албум е спој на традицијата и модерниот дух; тој успеа да го пронајде својот израз во современиот блуз. Амалгам на раниот ритам и блуз комбиниран со блузот и денешните звуци, внесување на структурата на рокот од шеесеттите години од минатиот век и односот кон животот на неговата генерација го направи еден од неколкуте несекојдневно квалитетни музичари од неговата старосна граница (има 25 години) во Канада. Неговата музика делува оригинално, за разлика од повеќето негови современици кои само ја имитираат музиката од минатото. Специјален гостин на албумот е и прочуениот тенор саксофонист Дејвид Фетхед Њумен.

2018-08-21T17:21:20+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 52|