Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/, Звук, Блесок бр. 52/Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

#3 Новиот албум на Шерман Робертсон носи наслов „Гитарист во живо“, и секако ќе ги задоволи неговите фанови и љубителите на блузот воопшто. Исполнувајќи експлозивна варијанта на Тексас блуз во кој главен збор го има неговата гитара, со елементи на соул блуз, малку фанк и зајдеко, Шерман секако е легитимен наследник на големиот Алберт Колинс. Неговиот сет се состои од сите неопходни зачини за доброто расположение на присутните и тоа се чувствува во секој миг. Албумот е снимен минатата година, на блуз фестивалот во Квадендаме, Холандија, со придружба на неговиот регуларен европски состав „Блуз Мув од Англија. Овој состав придонесе кон одличниот впечаток и нема сомнение дека е еден од најдобрите во нивната татковина! Албумот содржи осум композиции од кои две се авторски материјал на Шерман Робертсон, додека останатите се познати блуз стандарди од мајсторите како Роберт Џонсон, Реј Шарп, Кертис Џоунс и други. Композициите се долги и даваат можност сите присутни да покажат што знаат на сцената. Се разбира, во прв план е Шерман со својата гитара. Тој се одликува со оригинален стил и не се памети кога, освен кога Алберт Колинс се врати на сцената во осумдесеттите години од минатиот век и молскавичната кариера на Роберт Креј, некој друг успеал со таков интензитет и неспорен квалитет да ја збогати светската блуз сцена. Тој го исполнува блузот со уверливост на прекален музичар кој има што да каже и покаже. „Гитарист во живо“ е последица на вниманието што на Шерман му го посвети неговиот ментор Клифтон Шенир и глобалниот успех на албумот „Грејсленд“ на Пол Сајмон, каде се појави Шерман Робертсон.

2018-08-21T17:21:20+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 52|