Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

/, Звук, Блесок бр. 52/Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

Новитети од продукцијата на „Кроскат рекордс“ од Германија

#4 „Тој дојде да посвири“ е најновиот албум на еден од најдобрите усни хармоникаши на денешната блуз сцена Ар Џеј Мишо. Ова е првокласен албум за љубителите на усна блуз хармоника, со одлични композиции и беспрекорна изведба предодредена за повторно слушање. Четиринаесетте песни го претставуваат Ар Џеј Мишо во извонредна светлина. Повеќето композиции се со авторски печат на Мишо и заедно со неколку познати блуз стандарди (како, на пример, „Блубрд Блуз“ на легендарниот Сони Бој Вилијамсон I). „Тој дојде да посвири“ е класична журка карактеристична за Западниот брег на САД, која трае непрекинато од првата нота. Извонредниот придружен состав остава доволно место за Мишо да ги покаже своите квалитети, но и бендот има свои моменти за докажување: тие едноставно се сјајни! Двајцата гитаристи, Френк Голдвасер и младиот Кид Андерсен од Норвешка со успех го рекреираат типичниот звук на ритам и блузот од педесеттите години, ароматизиран со доволна доза на современост која дава препознатлив звук на бендот. Ова едноставно е колекција на материјал која зрачи со квалитет, чувство и страст типична за големите уметници на блузот и се вбројува во најдобрите изданија последниве неколку години. Ар Џеј Мишо дефинитивно го потврдува својот статус на современата блуз сцена како еден од најинвентивните исполнители на денешницата.

2018-08-21T17:21:20+00:00 февруари 20th, 2007|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 52|