Поезија – Славе Ѓорго Димоски

/, Литература, Блесок бр. 151/Поезија – Славе Ѓорго Димоски

Поезија – Славе Ѓорго Димоски

До гола коска
Настрана свртеното лице на ангелот
Кожо моја кожо
Вечера (тајна?)
Госпоѓицата депресија
Орач


Госпоѓицата депресија

малата дама депресија

лежи во соседната соба.

пршлените на ‘рбетот свиен

страста ѝ ја дробат.

по голото тело го движи

погледот изненаден, чуден.

ѓаволче потта ѝ ја лижи

опфатено од огнот блуден.

збунетоста и ѝ го враќа

мирот во собата мрачна:

во сласт крвта ѝ се крева

мислата блудна ја праќа

по океанот в неспокој зачнат

во похотта што се влева.

госпоѓицата депресија

во сонот одгледува рис.

го гали и го напојува

од сочниот клиторис.

мал остров во занес

од возбуди сплетен

душата ѝ ја искушува

и ја симнува в пети.

од тоа се буди рисот

– трпки в рој ѝ фрла.

офкаат бутовите, плисок

сласна врелина в грло:

шепоти дише дише врисок

дише врисок шепоти стисок

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2023-10-01T12:29:42+00:00 септември 13th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|