Поезија – Славе Ѓорго Димоски

/, Литература, Блесок бр. 151/Поезија – Славе Ѓорго Димоски

Поезија – Славе Ѓорго Димоски

До гола коска
Настрана свртеното лице на ангелот
Кожо моја кожо
Вечера (тајна?)
Госпоѓицата депресија
Орач


Вечера (тајна?)

Отпосле, во Елеонската Гора

кога испозаспаа од премногу

испиено вино

Вечерата падна во сомнеж

Лебот што го благослови

не беше само негово тело

Виното –  неговата крв

Но тогаш од каде

идејата за Јуда:

Предавник. Саботер. Профитер.

А тоа неопитно момче

стои над масата со дванаесет празни стола

ја држи чашата во која виното пламти.

Од неа

(од неговата крв?)

да се напие уште тој.

И тој!

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2023-10-01T12:29:42+00:00 септември 13th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|