Песни

антипсихотик

 

не надгледуваат ден и ноќ

во одредено време

ни ги подготвуваат таблетите

и ја оставаат смешната пациентка

низ ходниците да најавува

бонбончиња бонбончиња

 

лебдам поради терапијата,

не си ги чувствувам нозете,

ама барем смртта ме одмина

 

дури голтам, го гледам шизофреникот убавец

зашто знам дека по ручекот ќе останеме сами

и нашите јазици

ќе бидат ослободени


Препев од словенечки: Лидија Димковска

АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|