Песни

мудрост

 

ја гледам како плива

низ ходниците

со очите документирајќи ја средината

 

џиновска појава што ги носи

останките на своето семејство,

во нејзината насмевка има историја

 

го следам нејзиното талкање

препознавајќи мудрост

во бавните движења

 

ја замолувам да ме води

ја замолувам за неколку збора

што би ме осмислиле

 

вели да дојдам поблиску,

увото да го наслонам

врз нејзините полни усни

 

од длабочината ми подава светлина

 

нема подобар крај од шентјерн

нема подобра птица од петел

АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|