Песни

да се распадне

 

по пола година лекување

психијатарот ми вели

прастравот престана да прска

 

си ја повторувам реченицата

 

сите тие п-и и р-и

се тркалаат и пукаат

во мојата глава

 

мислите натрапнички

се смируваат

не предизвикуваат повеќе грчеви

во прстите и стомакот

 

правам се

што ми нуди лекувањето

во кое што вбризгнале

разредена источна филозофија

 

се здебелувам

ама барем можам да ги обвинам лековите

што би ги голтал трипати повеќе

и би станал гаргантуа

 

         се,

         само за да не се раздвојат повеќе

         мојата душа и моето тело
АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|