Песни

на француски начин

 

мојот цимер знае

дека тешко заспивам

поради лошите мисли,

затоа ми предлага

ноќе да си вртам музика

 

откако ќе ми го пофали изборот

составувам за него плеј листи

 

ме учи француски

но не стигнуваме подалеку

од s’ilvous-plait

 

на терапијата со цртање

секојпат користи јаглен

за црни кубистички мотиви

и ми се смее

кога цртам вонземјани

што ме одземаат од земјата

 

не сме зборлести

па на кафе си го разменуваме листот

на којшто пишуваме

драмски сцени,

реплика по реплика

 

тој приказната секојпат ја врти кон жената

која лежи на креветот

и пуши трева

 

а јас секојпат кон него,

главниот лик

АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|