Пино Пограјц

/Пино Пограјц
Пино Пограјц 2023-09-09T07:27:34+00:00

Project Description

Пино Пограјц, роден 1997 година во Словенија, е последна година на студиите по мастер по англистика и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Љубљана. Пораснал во Камник кајшто првпат настапил со свои песни на натпреварите во слем поезија и неколкупати и победил. Во 2022 година издавачката куќа „Црна кутија“ ја објави неговата прва поетска збирка „Парање/Треперење“ што ја доби наградата за најдобра дебитантска книга на Саемот на книгата во Љубљана. Од 2022 година е член на жиритонза Филмскиот фестивал ЛГБТ во Љубљана кој важи за најстар филмски фестивал со ЛГБТ тематика во Европа. Во 2023 година се вклучи во меѓународниот проект ПОТ-ВОТ (Поети на современоста – Гласови на иднината) наменет за промоција на современата поезија пред средношколската публика. Од 2023 година е коорганизатор на книжевните настани Игнор и Виножитни рими.

Related Articles