Песни

struldbrugg

 

на одделот од отворен тип се обидувам да читам

иако е тешко со магла во мозокот

ама го позајмувам По

 

збирка куси раскази

што ја затворам по неколку страници

 

во библиотеката ја пронаоѓам

гуливеровите патувања

и тонам во неа

 

џуџињата и џиновите

не ме потресуваат толку

колку бесмртните луѓе

осудени на вечно стареење

на загуба на саканите

на сеќавањето

на имотот,

па питачат низ селата

 

читам во заедничката просторија

покрај постара госпоѓа

која неколку седмици откако дојде

се нема прозборено

 

една вечер излегувам на прошетка

 

пред влезот ме застанува истата госпоѓа

и ми се насмевнува

знаеш, мене ме излекуваа

сега сум како нова

 

искрено и честитам

 

токму пред да излезам

ме повлекува за ракавот

          да не имаш едно евро?

АвторПино Пограјц
2023-10-01T12:33:51+00:00 септември 9th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|